Екологистот лазо Наумоски, кој го изработи проектот Битка за спас на охридската пастрмка од нејзиното целосно истребување , повикува на голема интернет активност заклучно 17- ти ноември, крајниот датум за гласање за избор на проект од општ интерес,  кој ќе биде награден од страна на Прилепската пивара.
    
Секојдневно гласањето се повторува со отворањето на интернет страницата www.pozlatigozivotot.mk по што треба да се отвори сектор екологија и да се гласа за проектот.
 
Масовноста и големиот број на гласови е сигнал за нашата граѓанска загриженост и апел до сите Европски институции и УНЕСКО за стопирање на риболовот на целата територија од езерото вклучувајќи го и Албанскиот дел, вели Наумоски. Тој додава дека со тоа би се направил голем еколошки чекор со цел да не се создаде во водите на Охридскот езеро салмониден мутант, односно Охридската пастрмка да не стане предатор на самата себе,што би значело во исхраната да го користи сопствениот подмладок за сметка на Охридската плашица. – Во тој случај незапирливо ќе биде нејзиното самоуништување од водите на Охридското Езеро, потенцира Наумоски.

OhridNews