Денес Охрид се приклучува на акцијата „ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД“ која се организира во повеќе општини во државата. Целта на акцијата е подигнување на еколошката свест за одговорност кон природата и за секои 10 кг собран отпад да се засади по едно дрво.
Општина Охрид и Ј.П.„Охридски Комуналец“ се приклучуваат на акцијата, со чистење на потегот од „Билјанини извори“ до плажите „Горица“ и „Свети Стефан“. Во акцијата ќе земат учество здружението „Брег на младоста“, компанијата „Костал“ и сите општински училишта, информираат од општината.
Збирното место е плажата Горица во 10 часот, а од општината ги повикуваат сите заинтересирани граѓани да земат учество во акцијата.
Акцијата за чистење ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД 2022, е една од активностите кои ги спроведуваме за да придонесеме во подигнување на јавната свест за потребата од собирање и рециклирање на отпадот и позитивно да влијаеме за зачувување на животната средина, велат организаторите.
Акцијата во која се вклучени голем број општини во државава е во организација на Пивара Скопје, Пакомак и Мен енд маунтен, а со поддршка од Министерството за животна средина, Министерството за земјоделство, претставници на дипломатскиот кор, повеќе од дваесет општини, училишта и локални поддржувачи, спортски клубови.
OhridNews













