Општинскиот комитет Охрид на УМС на ВМРО-ДПМНЕ денес се приклучи на акцијата под мотото ,,Чиста околина – зелена иднина”.
Како УМС се залагаме за почиста животна околина, па затоа засадивме садници во околината на Горна Порта, велат од општинскиот комитетет.

Целта, како што посочуваат, е да се подигне свеста, но и директно да се придонесе кон зачувувањето на животната средина, а со садењето на илјадници садници низ државата, се докажува заложбата за носење одговорни одлуки, кои ќе придонесат кон креирање иднина што е чиста и зелена.
OhridNews












