Светскиот ден на акцијата беше достојно одбележан и во руралните средини. Преку низа предавања и дебати, учениците од ОУ „Св. Наум Охридски“ – Пештани, беа запознаени со штетното влијание на пластиката како и можноста за рециклирање на хартијата.


Креативноста на учениците од охридските села Пештани, Елшани, Коњско и Трпејца, беше прикажана преку изработката на облека и маски од стара и веќе употребена хартија.


Акцијата беше дополнета со низа еколошки активности, кои ќе придонесат за создавање на поодржлив свет како дел од програмта „Интеграција на еколошката едукација во македонскиот образовен систем“.

OhridNews