„Еколошки аспекти на развојот на туризмот врз крајбрежјето на Охридското Езеро“ е тема на трибината што денеска ќе се одржи во малата сала на општина Охрид. На трибината што ја организираат Еколошкото друштво Грашница и Оддлението за урбанизам и заштита на животната средина при општина Охрид, ќе се дискутира еколошките аспекти во развојот на туризмот на охридското крајбрежје.
Свое излагање ќе имаат проф. д-р Науме Мариноски и доц. д-р Катерина Ангелевска-Најдеска од Факултетот за туризам и организациони науки – Охрид. Учество ќе земат претставници на јавни претпријатија, инспектори, угостители, туристички водичи, професори, станоиздавачи и останати чинители во оваа дејност.
Трибината која е дел од активностите за одбележување на 5-ти јуни-Светскиот ден на животната средина, започнува во 13.00 ч.











