Според оценката на раководителите на деловните субјекти, индикаторот на доверба во преработувачката индустрија во септември 2016 година е за 0.6 процентни поени зголемен во однос на претходниот месец, а во однос на септември 2015 година е зголемен за 5.5 процентни поени, соопшти Државниот завод за статистика.

Состојбата на обезбеденоста на производството со порачки во септември 2016, во однос на август 2016 година, е поповолна, очекувањата за обемот на производството во наредните три месеци се речиси на исто ниво како во претходниот месец, а залихите на готовите производи се намалени.

Оценката за економската состојба на деловните субјекти во септември 2016 година е поповолна во споредба со претходниот месец, а многу поповолна во однос на септември 2015 година. Оценката за бројот на вработените е дека ќе се зголеми.

Просечното искористување на капацитетите на деловните субјекти во септември 2016 година изнесува 65.6%од нормалното искористување.

Најголемо влијание на ограничувањето на обемот на производството имаат следните фактори: недоволната странска побарувачка со 21.2%, недоволната домашна побарувачка со 18.9% и недостигот на квалификувана работна сила со 15.0%.

OhridNews