Одлуката за издвојување на Економското училиште од Гимназијата треба да ја потврди Министерството за образование и наука.
Покрај оваа новина, советниците усвоија повеќе извештаи за реализација на годишните програми од урбанистичката и комуналната сфера, како и од сферата на туризмот кои биле реализирани во првото тромесечије од оваа година. Исто така беа усвоени и извештаите за работата на општинските јавни претпријатија, како и повеќе локални плански документации. Најголема расправа советниците отворија по првата точка, во кој се усвои извештајот за остварување на буџетот.
Помеѓу поважните одлуки, кои ги донесе Советот на Општина Охрид е и одлуката за основање на Јавно претпријатие за изградба, одржување, реконструкција на локални патишта и хидротехнички објекти „ Нискоградба“ Охрид. Советот даде зелено светло за Елаборатот на комисијата за проценка на штетите од неодамнешните поплави, а усвоена беше и Годишната програма за поставување урбана опрема во општинаta.