Поранешниот градоначалник на Охрид, А.П., кој рано утрово беше приведен заедно со уште десетина соработници, сегашни и поранешни вработени во општината и бизнисмени, се сомничат дека со незаконски активности се стекнале со противправна имотна корист од над 2 милиони евра.

Како што дознаваме, случајот го истражува одделението за организиран криминал при МВР, кое го проверувало работењето на локалната самоуправа во периодот помеѓу 2007 и 2013 година.

Притворените се сомничат за корупција и финансиски малверзации околу јавни набавки и друго. 

Дел од осомничените од утрото се донесени во Скопје каде се изведени пред истражен судија.

OhridNews