Белгиецот Луис Педро Каванда не сакал да го потпише договорот со фудбалскиот клуб Трепча, откако видел со каква инфраструктура располага клубот од Косовска Митровица.

Претседателот на Трепча, Абедин Зика, на медиумите им раскажал што точно се случувало.

Каванда дојде кај нас. Му купивме авионски билет, го пречекавме, го сместивме во хотел, го однесовме до Приштина во најлуксузните ресторани. Им кажав на соработниците дека се плашам дека ќе ни избега. Кога го донесов во Косовска Митровица, го однесов на стадионот. Во моментот кога влезе во соблекувалната, не сакаше ниту секунда повеќе да остане. Замислите да требаше да тргне со нас на гостување во Гнилане. Не можеше да се соземе кога ја виде соблекувалната, не остана ниту 10 секунди. – рекол Зика.

Првиот човек на Трепча дополнил дека фудбалерот бил задоволен од финансиските услови, но не и од она што го видел.

Каванда во кариерата играл за Лацио, Торино, Бари, Трабзон, Галатасарај и Стандард Лиеж, има и два настапи за репрезентацијата на Белгија.

OhridNews