Најголем дел од семејниот буџет кој е наменет за матурата му припаѓа на матурскиот „стајлинг“. За да се дотера еден матурант за најлудата средношколска вечер, според цените низ охридските бутици, родителите треба да издвојат околу 6000 денари, без разлика дали нивниот матурант е ќерка или син.
И оваа година од бутикот „Емили“, сместен во ТЦ „Амам“ на кат во Охрид и спроти градскиот пазар во Струга, се погрижија да им излезат во пресрет на граѓаните, нудејќи најприфатливи цени за матурантите и за сечиј џеб.
„Уште од минатата година започнавме со интересни и поволни понуди за матурантите. Наидовме на позитивни реакции од граѓаните, особено за овие олеснувања кои ги нудиме. Така и овојпат, комплетен костум – сако со пантoлони, кошула и машна чини 100 евра.“ – вели сопственикот на бутикот „Емили“, Милчо Колески.
Од бутикот „Емили“ велат дека и оваа година, матурантите не сакаат класични костуми, а младите се повеќе се одлучуваат да комбинираат со боите. Вистински хит претставуваат екстра струкираните модели, тесните пантолони, тегет бојата, еднобојните, но и карираните кошули, како и „лептирките“ во разни бои.
„Интересот кај машките е различен, но најголем интерес има за екстра струкирани модели на костуми со потесни пантолони. Се бараат и поспортски кошули, со послаба кравата, но вистински хит се шарените лептирки во комбинација со еднобојните кошули и обратно. Понуди имаме и за оние понехрабрите, односно еднобојни целосни костуми, сако и пантолони.“ – вели Колески.
Кај девојчињата, вистински хит претставуваат кратките и долгите фустани, претежно тесните модели со шлиц и отворен грб.
„Најчесто се бараат долгите фустани со црвена, бордо, класична црна, мастило и тегет боја. Атрактивни се и кратките и тесни модели со гол грб кој ги има во различни нијанси. Зависно од брендот и дизајнето кој го креирал производот, цените на долгите фустани се движи од 5 500 денари нагоре, додека на кратките од 4500.“ – вели Колевски.
Традционално и оваа година, бутикот „Емили“, кој веќе 18 години е препознатлив бренд во Охрид, води грижа да не се повторат истите модели на фустан или костум, во едно исто средно училиште.
„Бидејќи стекнавме голема доверба кај родителите и матурантите, но и поради тоа што сме уникатни, водиме грижа да не може да се повтори еден ист модел во едно училиште. Секој матурант сака да биде уникатен, па мора да внимаваме на тој детаљ. Тоа е она што не прави посебни и одвојува од останатите.“ – велат од бутикот „Емили“.
Исто така, корекциите кои требаат да се направат по ширината или должината на купениот производ, се целосно бесплатни, со што овој бутик се издвојува по услугите од останата конкуренција.
Сопственикот на бутикот „Емили“, нагласува дека иако во Охрид има голем избор на гардероба и има пристапни цени, сепак дел од матурантите одлучуваат да одат надвор од градот за да пазарат за матурската вечер. Но овој тренд е присутен и во другите градови во Македонија, па така голем дел од матурантите од Ресен, Битола, Дебар и Кичево купуваат матурска облека во Охрид.
Бутикот „Емили“ традиционално е препознатлив и по венчаниците, шиење и изнајмување на свечена облека за целото семејство за разни пригоди.
О.Т.