– Им благодарам на сите членови од Сојузот на Спортови кои ме поддржаа и го дадоа гласот за мене. Голема благодароност до Општина Охрид и градоначалникот Александар Петрески, кои несебично не подржуваат на секое натпреварување во земјата и надвор од неа – рече Лескароски.
Признанието за спортист на годината за Лескароски преставува награда за вложениот труд минатата и мотив за понатамошна работа во 2013 година.
– Оваа награда е од големо значење за мене и боксерскиот клуб Охрид. На почеток од секоја нова сезона секогаш се стремам да ги надминам резултатите остварени во минатата, така ќе биде и сега – истакна Лескароски.
Охридскиот боксер Лескароски заедно со неговиот соиграч Бојан Ристевски се стандардни членови во македонската селекција. Пред нив престои Европското првенство кое на програмата е во месец јуни, а во октомври и мундијалот.
– Тоа е сон за секој боксер и спортист да ги брани боите на својата држава на едно големо натпреварување. Со мојот тренер Митко Нестороски работиме напорно, тренираме секој ден и се надевам на добри успеси како со клубот така и со македонска селекција – потенцираше Лескароски.
Лескароски во ексклузивното интервју за “Ohrid News“ не го заборави својот прв учител, Алексо Огненов, како еден од најзаслужните за афирмирање на боксот во Охрид. Тој минатата година почина и замина во спортските легенди.