Ексклузивно: Пет понуди за деветте плажи кои ќе се издаваат под концесија !
26.02.07 17:32
Рокот за поднесување барања за учество во постапката за претквалификација за јавно наддавање за издавање под краткотраен закуп на плажите кај Охридското Езеро истече вчера. Како што неофицијално дознава “ohridnews” до Министерството за транспорт и врски пристигнале пет понуди за 9 плажи, сите од охриѓани. Еден од заинтересираните конкурирал за две плажи.
Постапката за претквалификација предвидува изготвување урбанистичко техничка документација според насоки и упатства со критериуми кои ги содржат условите за организација на просторот. Комисијата ќе ги разгледа сите барања поединечно заради утврдување на комплетноста на документацијата, а барањата кои не се комплетни ќе бидат отфрлени, најавуваат од Министерството за транспорт.
Претходно министерството ги објави условите кои треба да ги исполува секој кој е заинтересиран за концесионирање плажА. Најдоцна до 15-ти март оваа година, потенцијалните закупци треба освен комплетираната документација треба да достават и урбанистичко-техничка документација. Селектирањето на понудите ќе биде завршено до 19-ти март, а јавното наддавање ќе се одржи на 26-ти март.
Општина Охрид известува дека Јавниот повик за ангажирање на невработени лица за заштита и превенција од пожари и заштита и оплеменување на животната средина се пролонгира до 23 јули Според повикот ...
Потпишани се договорите за реализација на инфраструктурни проекти со кои Општина Охрид аплицираше на вториот Јавен повик за финанасирање на инфраструктурни проекти, објавен од страна на Министерств...
Музејскиот археолошки материјал од локалитетот Расница, кај струшкото село Корошишта се заштитува и конзервира од тим на Археолошкиот музеј на Македонија Наодите од овој локалитет минатата година г...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.