Продолжениот празничен викенд иако не ги оправда очекувањата, внесе малку задоволатво кај туристичките рабоници. На ривиерата најмногубројни се екскурзијантите, а се забележуваат и групи странски туристи, додека домашните туристи ги има во помал број. Делумно тоа се должи на лошото време и празникот Духовден, кога традиционално православните христијани одат на гробишта. Сепак утре  во попладневните часови се очекува да се зголеми и бројот на домашните туристи кои ќе го искористат спојувањето на празникот Св. Кирил и Методиј со викендот за мал одмор во Охрид.  И покрај неповолната политичка состојба и штрајковите, дел од македонските туристи,  се одлучија викендот да го минат во Грција.


Дождот не им пречи на најмладите


и кога е тмурно има романтика


работа имаше и за кајчарите


Екскурзиjантите го раздвижија Охрид

OhridNews