Експерти, професори, докторанти од областа на економските науки, како и претставници на бизнис-секторот од 13 држави од Југоисточна Европа, во Охрид учествуват во работата на Конференција за градење компетитивна предност кај малите и средните претпријатија, како основен предуслов за постигнување на одржлив раст и нивна конкурентност на глобалниот пазар.
Собирот што се одржува во организација на Економскиот факултет од Прилеп, Центарот за европска иницијатива и на Центарот за иновации и развој на иновации е во насока на новата стратешка рамка на ЕУ во која е нагласена улогата на малите и средните претпријатија како движечка сила на европската економија, со акцент врз улогата и значењето на иновативните процеси за подобрување на економските перформанси на малите и средните претпријатија.
Инаку, на собирот во Охрид покрај предвидени академски и професионални дебати, ќе бидат презентирани 140 трудови што ја третираат проблематиката на унапредување на иновативноста и изградба на компетитивна предност на малите и средните претпријатија.
OhridNews