Од денес до сабота, во Охрид ќе се одржи работилница на тема „НАТО по Самитот во Велс: Иднината на Алијансата и регионалната стабилност на Западен Балкан“.
На работилницата на која ќе присуствуваат 30-тина експерти од земјите од регионот, универзитетски професори, политичари, претставници на НАТО и на дипломатскиот кор во РМ, ќе се разговара за одлуките од Самитот во Велс и како тие влијаат на иднината на Алијансата и на безбедноста на земјите од регионот на Западен Балкан.
Инаку, организатори на настанот се Оделението за јавна дипломатија на НАТО, Европскиот центар за безбедносни студии и невладината Маршал Центар од Република Македонија.
OhridNews