Домашни и меѓународни експерти од областа на металургијата ќе бидат дел од „Шестиот меѓународен конгрес на металургијата, материјалите и заштитата на животната средина – ММЕ“, кој ќе се одржи во Охрид, од 29-ти мај до 1-ви јуни 2014 година.
На овој научен собир, низ презентации и дискусии планирано е да бидат отворени темите за „Физичка и механичка металургија“, „Екстрактивна металургија“, „Пластична деформација и обработка на метали“, „Заварување“, „Лиење на метали“, „Нови и напредни материјали“, „Заштита на животната средина“, „Минимизирање на отпадот и рециклирање“ и уште многу други теми.
Оранизатори на овој конгрес се Здружението на металурзите и Технолошко-металуршкиот факултет при Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ од Скопје, со поддшка на Здружението на металургијата при Стопанската комора на Република Македонија.
OhridNews