Во периодот од 4 до 9 јуни во Охрид се одржа работен состанок за проектот „Повеќекратна интелигенција за социјална инклузија“ финансиран во рамките на програмата Еразмус+. На состанокот присуствуваа експерти од „Центарот за напредни студии“ – Северна Македонија, „Центарот за промоција на иновации и развој“ – Република Полска и здружението „Стандард консалтинг центар“ – Република Бугарија.
На работната посета се дискутираше за процесите на имплементација на иновативниот модел во сите партнерски организации, споделување на впечатоци, напредок, проблеми со кои се соочуваат во работата со маргинализирани млади и преземени активности за нивно решавање. Беа дискутирани идните проектни активности, создавање одржливост и мултиплицирање на резултатите од проектот.
Експертите од трите земји ја дефинираа својата работа на проектот како предизвик. Претставниците на целните групи – млади луѓе на возраст од 18-29 години, невработени и кои не студираат – лесно се идентификуваат, но тешко се мотивираат и учествуваат во проектот. Благодарение на интересниот иновативен модел, огромната работа на експерти, психолози, социјални работници, медијатори, ментори и други, беа избрани најпотребните претставници на целните групи и со нив беа одржани многу заеднички и индивидуални настани. Затоа, на работниот состанок учествуваа и претставници на целните групи, заинтересирани страни, експерти од Република Северна Македонија.
Работната посета заврши со работен состанок во поранешната министерска за труд и социјална политика Јована Тренчевска, во чиј мандат Северна Македонија влезе во програмата „Гаранција за млади“ на ЕУ, како и со претседателот на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација д-р Лимко Безјароски, и членовите на истата Душан Томчиќ и Зекир Абдулов.
За време на престојот во Охрид, експертите на проектот имаа средба со неколку младинци од маргинализираните групи во Охрид, а КУД Пирамида одржа и мала приредба со претставување на фолклорот и традициите на Египќаните од Охрид.
OhridNews