Денеска во хотелот „Силекс“ започна дводневна тркалезна маса, на која ќе се разговара за квалитетот на истрагите и превенирање на криминалот поврзан со дроги, вклучувањето на форензичарите со нивното истражување, како и обезбедување научни докази поврзани со намалување на трговијата со дрога.
На настанот учествуваат претставници на Одделенијата за недозволена трговија со дрога од земјите во регионот и над 30-тина водечки форензичари за дрога од целиот свет, а теми ќе бидат казните во регионот, Европа и САД за одгледување, производство, дистрибуција, трговија, поседување и употреба на дроги.
Инаку, настанот е организиран од ОБСЕ и Министерството за внатрешни работи во тесна соработка со Канцеларијата на ОН за борба против дрога и криминал.
OhridNews