Соодветното управување со водните ресурси, претставува основен универзален услов за економски развој на една земја или регион. Ова вчера го истакна Министерот за животна средина и просторно планирање Нурхан Изаири на отварањето на „10-то Советување за водостопанство и хидротехника“, кое се одржува во Струга.
Тој потенцираше дека спроведувањето на значајни проекти за подобрувањето на управувањето со водните ресурси, создаваат услови за подобра заштита на животната средина и подигнување на стандардот на живеење на граѓаните во нашата земјата.
Ова научно советување е во организација на Здружението „Македонски комитет за големи брани“ чиј председател е проф. д-р Љупчо Петковски. На советувањето со свои презентации ќе се претстават еминентни домашни и странски професори и стручни лица за да разменат мислења, но и да дадат иницијативи за актуeлни теми во оваа област.
На Советувањето ќе бидат презентирани вкупно 32 научни труда, а истите се отпечатени во Зборникот на трудови.
OhridNews