Ова предавање е дел од прелиминарните договори кои се во тек за евентуално започнување на заеднички проект кој би се однесувал на спасувањето на езерото од негативните последици од глобалното затоплување.
Доколку се постигне договор меѓу научните работници, за финансирање на овој проект ќе се аплицира до Светската банка.
Проектот би се одвивал во три фази- Мониторинг на Охридското езеро преку следење на фзичко- хемиските и макробиолошки параметри, понатаму поставување на експериментот и како трета фаза ќе биде поставување на систем за мешање на езерото поради намалување на продукцијата.
Реализацијата на третата фаза би зависела од резулатите кои би се добиле во рамки на првите две фази.
Потребата од реализација на еден ваков проект стручните лица ја објаснуваат со поголемата продукција на езерото и забрзано зстареење кое настанува како последица од глобалното затоплување кое негативно се одразува врз живиот свет во сите водни екосистеми во светот.