Цената на електричната енергија во Македонија е нереална и неодржлива, беше истакнатио на  дванаесеттиот  Меѓународен Симпозиум „Енергетика – 2008”  што денеска започна во Охрид.


              

Со ваква цена на електричната енергија, губи и државата и комапниите смета Илија Хаџидаовски, претседател на ЗЕМАК.

Сите внатрешни резерви на ЕЛЕМ се истрошени и не можеме да опстанеме со ценатата која ја имаме во моментов, изјави директорот на ЕЛЕМ, Владо Чинговски. Елем предлага цена од 1,81 денари за киловат час, но конечната одлука колку и кога ќе поскапи електричната енергија ќе ја донеде Регулаторната комисија, рече Чингоски. Според него идејата Македонија да вложи во изградбата на нуклеарната електрана Белене во Бугарија е добра, но истовремено мора да се размислува за изгрдаба на нови енергетски системи во земјата. Одговарајќи на новинарско прашање, Чинговски истакна дека не очекува да има проблеми во снабдувањето со електрична енергија во претстојната грејна сезона.


На симпозиумот што го организира Здружението на енергетичарите на Македонија – ЗЕМАК,   министерот за економија,  Фатмир Бесими, ги изложи правците на идниот развој на енерегетскиот систем на земјата, кој како што рече тој, ќе се заснова на изградба на нови енергетски капацитети. Свои ставови за видувања за актуелната  состојба во енергетиката изнесоа и еминентни експерти, стручни лица и директори на големи компании од областа на енергетиката.

Г.М.