Стотина експерти од  Македонија и соседните земји, учествуваат на семинарот за унапредување на работењето на водоснабдителни системи и системи за отпадни води, што се одржува во Охрид.

Една од главните теми на семинарот, што го организираат Бентли системс-Европа и Хидро Енерго Инженеринг- Скопје е како да се унапреди и зголеми ефиканоста на водоснабдителните системи со намалување на загубите на вода и потрошувачка.

На стручната расправа ќе стане збор и за најновите достигнувања во областа на  водоснабдувањето и управувањето со отпадните води.

OhridNews