Во Охрид се одржува последниот состаниок на Надзорниот комитет за спроведување на проектот за Зајакнување на управувањето со животната средина финансиран од ЕУ преку КАРДС програмата.
Целта на проектот во кој се инвестирани 2 милиони евра е создавање услови за одржлив развој на животната средина во Македонија. Финалниот извештај треба да ги истакне предностите и недостатоците во управувањето со животнаста средина во Р. Македонија, изјави државниот секретар во Миистерството за животна средина и просторном планирање-МЖСП, Дејан Паноски.

„Тие капацитети во наредниот период ќе мора да ги градиме, нешто ќе искористиме од актуелните експерти, а ќе се посвети внимание и на обука на нови експерти во овие области бидејќи во рамките на животната средина интегрираните дозволи и оценката на влијанието ќе бидат едни од главните фокуси кои во наредниот период ќе ја креират генералната еколошка, но пред економска политика на земјата“, рече Паноски
На состанокот во Охрид ќе бидат презентирани постигнатите резултати од проектот за Зајакнување на на управувањето со животната средина кој се имплементираше во изминатите 24 месеци.
Г. Момироски











