Едно лице загина во инцидент на патнички авион од типот „Боинг 737“ на компанијата „Southwest“, на кој му откажал мортор во лет, поради што морал итно да слета на Интернационалниот аеродром во Филаделфија, САД.

Авионот летал од Њујорк кон Далас кога според патниците се случила силна експлозија по што се скршило стаклото на еден од прозорите во авионот.

-Завладеа паника, низ вентилацијата почна да се шири мирис на чад. Некои луѓе започнаа да плачат.-изјавил патник по принудното слетување на аеродромот во Филаделфија.

Во авионот имало 144 патници и петмина членови на екипаж.

OhridNews