Во складиште за муниција на Министерството за одбрана на Украина, кое се наоѓа на 176 километри источно од Киев, рано изутринава дошло до експлозија и пожар. Поради експлозијата и пожарот од складиштето и околината се евакуирани околу 10.000 лица, изјавија официјални претставници.

Експлозијата се случила во раните утрински часови, односно околу 3:30 часот.

Складиштето за муниција за министерството се наоѓало во регионот Чернигов, во близина на населбата Ичња, по екслозијата во складиштето избувна пожар, соопшти Генералниот штаб на украинските вооружени сили.

Засега нема информации за загинати или повредени. Истрагата на причините поради кои дошло до експлозијата е во тек.

OhridNews

Макфакс