Лондонската полиција соопшти дека огнот што ја проголта 24-катната зграда во Лондон и однесе 79 животи почнал од замрзнувач и се проширил на фасадата која била направена од материјал што не поминал безбедносни тестови. „Сега имаме доказ од стручни лица дека огнот не е намерно предизвикан“, изјавија од полицијата.

Моделот на замрзнувач „Хотпоинт“, според полицијата, не бил повлечен од пазарот и произведувачот врши дополнителни тестирања, пренесе Ројтерс. Полицијата разгледува можност за кривични прекршоци поради големиот број жртви.

OhridNews
Извор: Макфакс