Најмалку 31 човек загина, а 54 се повредени во експлозија во центарот за регистрирање на гласачи во авганистанската престолнина Кабул, пренесува Ројтерс. Здравствените работници наведуваат дека бројот би можел да расте.

Талибанците негирале вмешаност во нападот, што би можело да укажува дека нападот го извршиле милтантите од Исламска држава, наведува АП. Шефот на полицијата во Кабул, Давуд Амин изјавил за локалната телевизија дека експлозивната направа ја активирал бомбаш самоубиец.

Центрите за регистрирање на гласачи се отворени низ Авганистан во подготовки за долго одложуваните избори кои се планирани за октомври. Талибаните и огранокот на Исламска држава во Авганистан ја сметаат за нелегитимна владата во Кабул и изборите кои таа ги организаира.

OhridNews

Макфакс