Фаворитите за титулата на АТП турнирот во Монте Карло, Рафаел Надал, Рожер Федерер и Новак Ѓоковиќ рутински обезбедија пласман во следната фаза.
Шпанецот за 1, 14 минути го совлада Италијанецот Сепи со 2-0. Швајцарскиот тенисер за нецел час го преслуша Росол од Чешка, а рекетот број два си поигра со Карено Буста победувајќи го со 6-0, 6-1.
Победи во втората фаза на турнирот во Монако славеа Цонга, Раониќ, Вавринка, Ферер и Гарсија Лопез.
Мх.П.