Рената Дескоска Тренеска, која во новата влада треба да ја извршува функцијата министер за образование, на прес конференција денеска најави дека екстерно тестирање оваа година нема да има.

Таа изрази оптимизам дека откако ќе се избере новата влада, за која ќе се гласа вечерва пред полноќ, во текот на утрешниот ден ќе биде подготвена измената на законот која собранието ќе ја донесе по итна постапка, не исклучувајќи ја можноста пратениците да работат и во текот на викендот.

OhridNews