Поради продолжување на зимскиот распуст, екстерното тестирање на учениците ќе се спроведе од 30 јануари до 3 февруари 2017 година, информираат од државниот испитен центар.
Една недела пред тестирањето учениците ќе добијат информација за деновите на тестирање, а три дена пред тестирањето (27 јануари 2017) ќе бидат објавени и предметите по кои ќе бидат проверувани. Прелиминарните резултати ќе бидат објавени на 7 февруари 2017.
Екстерното тестирање ќе опфати 18.600 ученици од завршните години во средното образование.
OhridNews