Поранешниот ракометар на Вардар и Зомимак, Мите Караиванов е најновото засилување за охридскиот ракометен клуб.
Во името на Караиванов охридскиот стратег Горан Андоновски доби екстра засилување и ракометар, кој може да игра среден и лев бек и одбрана.
Искусниот ракометар во Охрид ќе остане до крајот на сезоната со можност за продолжување на договорот на уште една или повеќе сезони.
Пред почетокот на втората полусезона Караиванов е прво ново име откако клубот го напуштија Петар Николиќ и Даниел Трајчески.
До крајот на преодниот рок со охридските ракометар ќе тренира екс репрезентативецот Милан Левов, а се очекува и тој го засили охридскиот клуб.
Мх.П.