Екипата на Олимпијакос, поведе со 2:1 во четвртфиналната серија со Монтепаски, откако во третиот натпревар забележа убедлива победа од 75:55 (14:12, 18:9, 16:9, 27:25).

Капитенот на македонската репрезентација, Перо Антиќ, во победата на Олимпијакос партиципираше со 6 поени, 6 скока и една асистенција. Од другата страна, Лестер Бо Мкејлеб, беше единствената светла точка кај Монтепаски, мечот го заврши со 15 поени, 4 скока и 2 асистенции.

Четвртиот натпревар од серијата ќе се одигра повторно во Атина, во петок.

Меч број 4 за пласман на турнирот во Истанбул ќе се игра и во серијата
помеѓу Билбао и ЦСКА Москва, откако Баските, во третиот меч победија
убедливо со 94:81.

ЕЛ : Антиќ ги “прелета“ Меккејлеб и Сиена (видео)