Македонскиот интернационалец Перо Антиќ и неговата екипа Олимпијакос во финалето од Евролигата против Реал Мадрид ќе го бранат трофејот. “Црвено белите“ во 1/2 финалето ја совладаа руска ЦСКА Москва со 69-52 додека “белите“ со 74-64 тримуфираа против големиот ривал Барселона.


Во репризата од минатогодишното финале во Евролигата, Олимпијакос одигра далеку подобро и поквалитетно особено во нападот.

Со Антиќ на паркетот во третата четвртина екипата на Олимпијакос прими само осум поени и тоа сите од слободни фрлања ни еден од игра, што ја отпиша “црвената армија“ од финале на завршницата во Лондон.

Македонецот во дресот на Олимпијакос за нешто повеќе од 22 минути на паркетот постигна 13 поени, собра и три скока. Колку него во тимот постигна Кајл Хинес. Во рускиот состав најпрецизен беше Сони Винс со 13 кошеви, а 11 постигна Виктор Крајапа.

Мх.П.