Капитенот на македонската кошаркарска репрезентација Перо Антиќ постигна само 2 поени и имаше 2 скока, сето тоа за 20 минути минати на паркетот во поразот на Олимпијакос од Галатасарај по продолженијата со 78-77.

Мечот за грчкиот тим се чиниеше дека го спаси Слоукас со тројка “од кош в кош“ во последната секунда од регуларниот дел, но домаќините предводени од Лукас (17 поени) не дозволија изнeнaдување во продлженијата.

Видео : Галатасарај – Олимпијакос 78-77

Резултати:
Група Е:
ЦСКА-Анадолу Ефес 96-68
Галатасарај-Олимпијакос 78-77
Табела : ЦСКА 2-0, Анадолу Ефес 1-1, Галатасарај 1-1, Олимпијакос 0-2

Група Ф:
Реал Мадрид-Монтепаски 69-88
Билбао-Уникаха 85-70
Табела: Монтепаски 2-0, Реал 1-1, Билбао 1-1, Уникаха 0-2.

Група Г:
Панатинаикос-Уникс 83-89
Фенербахче Улкер-Армани 65-63
Табела : Уникс 2-0, Панатинаикос 1-1, Фенербахче 1-1, Армани 0-2

Група Х:
Канту-Жалгирис 79-78
Макаби-Барселона 57-71
Табела :
Барселона 2-0, Макаби 1-1, Канту 1-1, Жалгирис 0-2

М.П.