Барселона со победата 63-61 над  Уникс направи крупен чекор кон “фајнл форот“. “Блауграната“ предводена од Наваро со 18 поени и Лорбек со 14 стигнаа до предност од 2-0 во серијата подобар од три.

Актуелниот првак во Евролигата, Панатинаикос претрпе пораз од Макаби со 93-91 по продолженијата откако регуларниот дел од мечот заврши без победник 83-83. Со овој триумф Макаби изедначи на 1-1, и сите карти остануваат отворени во дуелот на гигантите.

Видео од натпреварот Барселона – Уникс.

Видео од натпреварот Панатинаикос – Макаби.

Мх.П.