ЕЛ : Бо Мекејлеб одличен во победата на Монтепаски
28.10.10 12:50
Одиграна е првата половина на натпреварите од второто коло во кошаркарската Евролига. Во Ц групата, натурализираниот Македонец, Лестер Бо Мекејлеб, го предводеше Монтепаски до победата во Виљнус, кај Лијетувас Ритас.
Во победата на Монтепаски од 79:75, Мекејлеб постигна 14 поени (5-9 шут од поле), на кои придодаде 2 скока, 2 асистенции и 3 украдени топки. Против „своите“, одлично во дресот на Монтепаски одиграа Кшиштоф Лавринович (13 поени, 7 скока) и Римантас Каукенас (16 поени). Победа како гостин во Шоле забележа Барселона. Во победата на актуелниот европски првак од 84:77, најефикасни беа Лорбек со 20 поени и Ндонг и Наваро, кои постигнаа по 16, односно 15 поени.
Најголемото изненадување го направи Бамберг, предводен од Боби Браун (23 поени) германскиот претставник со 73:61 го совлада фаворитот Олимпијакос. Покрај Браун кај Бамберг се истакнаа Хајнса со 14 и Гавел со 11 поени. Екипата од Атина ја предводеа Папалукас со 13, односно Теодосиќ и Спанулис кои постигнаа по 11 поени. Во вториот натпревар од оваа Б група, Рома во Белгија ја победи екипата на Шарлроа со 64:55.
Во А групата, во Белград Партизан го победи Химки со 72:68. Американците Џаваја со 15 и Лафајет со 14 поени беа најефикасни во редовите на „црно-белите“. Каха Лаборал во оваа група победи нагостувањето во Полска, кај екипата на Проком. Шпанскиот шампион победи со 80:73, предводници во триумфот беа Уертас (12 поени, 5 скока, 8 асистенции), Бараќ (18 поени, 9 скока) и Талетовиќ (17 поени).
Еден натпревар се одигра и во Д групата, во Истанбул, Ефес Пилсен убедливо со 79:63 ја совлада Валенсија. Ракочевиќ за Турскиот преставник постигна 20 поени, во чекор го следеа Тортон (19 поени, 10 скока) и Тунџери (16 поени).
Вечерва второто коло во Евролигата ќе биде комплетирано со одигрувањето на натпреварите: Цибона-Фенербахче, Реал-Уникаха, Панатинаикос-ЦСКА Москва, Макаби-Жалгирис и Армани џинс Милано-Олимпија.
Во рамки на 10-то коло од ракометната Супер лига екипата на ГРК Охрид утре ја пречекува екипата на Младост Богданци По репрезентативната пауза ни следи натпревар од домашното првенство против екипа...
Францускиот фудбалер Ванис Хонсор (22), член на Сент Дени, почина утрово за време на тренинг на својот тим на островот Реинион, француска прекуморска територија во Индискиот Океан Смртта ја потврди...
Во рамки на 10-то коло од ракометната Супер лига екипата на ГРК Охрид ја пречекува екипата на Младост Богданци Младост Богданци е екипа против која мора да пристапиме максимално сериозно и концентр...