Македонските интернационалци Бо Меккејлеб и Перо Антиќ се наоѓаат на различна страна на табелите во пресрет на вечерашните мечеви во кошаркарската Евролига.


Монтепаски има три победи во исто толку рунди и на домашен терен ја пречекува екипата на Уникаха.

Перо Антиќ со Олимпијакос има една победа во трите кола и победата им е прекупотребна за да останат во игра за едно од местата кои обезбедуваат пласман меѓу најдобрите осум екипи на стариот континент.

Група Е:
Ефес – Олимпијакос, Галатасарај – ЦСКА
Табела: ЦСКА 3-0, Олимпијакос, Галатасарај и Ефес 1-2

Група Г:
Панатинаикос – Фенербахче, Армани – Уникс
Табела: Уникс 3-0, Панатинаикос 2-1, Фенербахче 1-2, Армани 0-3

Група Ф:
Монтепаски -Уникаха
Билбао – Реал
Табела: Монтепаски 3-0, Реал 2-1, Билбао 1-2, Уникаха 0-3

Група Х:
Жалгирис – Барселона, Макаби – Канту
Табела: Барселона 3-0, Канту 2-1, Макаби 1-2, Жалгирис 0-3

М.П.