Комплетирано е второто коло во кошаркарската Евролига. Во дербито во Атина, Панатинаикос ја победи ЦСКА Москва, Макаби и Реал запишаа сигурни победи, додека како гости на теренот на своите противници се радуваа Фенербахче и Олимпија.
Унион Олимпија во рамките на Д групата, забележа изненадувачка победа во Милано, против Армани џинс од 72:76. Некогашниот македонски репрезентативец, Владо Илиевски за победникот постигна 12 поени (3/3 за три поени), на кои придодаде 4 асистенции, 2 скока и 2 украдени топки. Најефикасни во редовите на Олимпија со по 19 поени беа Јагодник и Ожболт.
Во оваа група се одигра и дербито Панатинаикос-ЦСКА Москва. Благодарение на добрата игра во третата четвртина домаќинот забележа победа од 74:60. Дру Николас со 18 и Ромеин Сато со 17 коша беа најефикасни во редовите на Панатинаикос.
Реал Мадрид во А групата го доби шпанскиот дуел против Уникаха. Во победата од 68:56 Фелипе Рејес имаше учинок од 17 поени и 8 скока.
Во Б групата, во Тел Авив, Макаби славеше победа од 86:70 над Жалгирис. „Гордоста на Израел“ ја предводеше Скорцанитис со 24 поени и 5 скока.
Во Загреб во рамките на Ц групата, Фенербахче ја совлада Цибона со 73:68, најпрецизен во победничкиот тим беше Кинси со 17 поени.
Во рамки на 10-то коло од ракометната Супер лига екипата на ГРК Охрид утре ја пречекува екипата на Младост Богданци По репрезентативната пауза ни следи натпревар од домашното првенство против екипа...
Францускиот фудбалер Ванис Хонсор (22), член на Сент Дени, почина утрово за време на тренинг на својот тим на островот Реинион, француска прекуморска територија во Индискиот Океан Смртта ја потврди...
Во рамки на 10-то коло од ракометната Супер лига екипата на ГРК Охрид ја пречекува екипата на Младост Богданци Младост Богданци е екипа против која мора да пристапиме максимално сериозно и концентр...