Македонскиот интернационалец Владо Илиевски и хрватската Цедевита имаа неславно деби во кошаркарската Евролига.


Илиевски се врати во Каунас, но овој пат со наведната глава го напушта теренот откако со 90-62 беа совладани од домаќинот Жалгирис. Илиевски одигра 23 минути постигнувајќи 8 поени, имаше 4 загубени и една освоена топка.

Несудениот капитен на македонската репрезентација  Предраг Самарџиски со  Литвос Ритас со пораз стартуваше во кошаркарската Евролига. Во Москва ЦСКА го совлада Литвос со 75-73. Самраџиски постигна 5 поени имаше 5 скока, но направи и пет фаули по што мораше мечот да го напушти предвреме.

Перо Антиќ и Олимпијакос со победа ја започнаа одбраната на титулата во Евролигата. На домашен терен беше совлада на Каха Лаборал со 85-81. Антиќ за 20 минути на теренот постигна 9 поени, имаше 3 скока и 1 загубена топка.

Фенербахче со Лестер Бо Мекејлеб во составот го совлада Кимки со 92-80. Американецот со македоснкиот пасош постигна 17 поени, имаше 2 скока и 4 асистенции.

М.П.