Дерби средбата помеѓу Барселона и Реал Мадрид која требаше да се одигра на 26 октомври на Ноу Камп во рамките од 10-та рунда во Ла лига е одложена.

Причините за одложувањето се засилените протести во Каталонија и немоќноста на полицијата и властите да ја стават ситуацијата под контрола.

Челниците на Ла лига во соработка со двата клубови реагираше со голема доза на претпазливост и затоа одлучи да го одложи дербито познато како „Ел Класико“.

Два термини имаше „слободни“ за одигрување на Ел Класико, а екипите одлучија за 18 декември.

OhridNews