Селекторот на македонската ракометна репрезентација, Раул Гонзалес популарен како „Ел Команданте“ ги одбра своите „војници“ за престојното Европско првенство кое ќе се одржи во Хрватска од 12 до 28 јануари.

Шпанскиот стручњак ќе поведе вкупно 19 ракометари, а според противникот ќе ги бира 16-те репрезентативци кои ќе го бранат националниот дрес. Од списокот отпаднаа голманот Мартин Томовски и Горан Крстевски.

Македонија првиот меч на петто учество на ЕП го игра во сабота со почеток во 19 часот и 30 минути против Словенија, а потоа ќе се судри со Црна Гора во понеделник и со Германија во среда.

Список на ракометари за ЕП Хрватска 2018:

Голмани: Борко Ристовски, Никола Митревски, Златко Даскаловски

Бекови: Кирил Лазаров, Филип Миркуловски, Филип Талески, Филип Лазаров, Немања Прибак, Мартин Велковски, Филип Кузмановски, Аце Јоновски, Велко Марковски

Крила: Дејан Манасков, Гоце Георгиевски, Мартин Поповски, Гоце Ојлески

Пикери: Стојанче Стоилов, Жарко Пешевски, Никола Маркоски

OhridNews