Еден од главните фаворити за титулата во Евролигата, Барселона во “мајсторката“ успеа да стигне до третата победа против Панатинаикос 64-53 и да обезбеди пласман во разигрувањето.

Хуан Карлос Наваро со 15 поени беше најзаслужен за победата на Барселона, а голема помош имаше од Хуертас, кој уфрли десет поени.

Во гостинскиот состав Стефани Ласме со 16 кошеви беше најпрецизен, но и тие беа премалку да се оствари победа, која ги одведеше “детелините“ во завршната фаза од Евролигата.

Мх.П.