Екипата на ЦСКА Москва, го декласира белградски Партизан, во петтото коло во кошаркарската Евролига со 88-46 (21-10, 21-8, 27-13, 19-15).
ЦСКА одигра фуриозно во првото полувреме, во кое постигнаа 42, а од белградскиот тим примија само 18 поени.
Сони Вимс со 18 поени и 8 асистенции ги предводеше ‘армејците’ до победата, Виталиј Фридзон постигна 16 поени, додека Владимир Мицов имаше учинок од 15 поени, 4 скока и 2 асистенции.
Богдан Богдановиќ беше единствената светла точка во тимот на Партизан со 13 поени. Инаку, Партизан овој меч го одигра без повреданите Мусли и Кинзи, додека во првата четвртина се повреди и стартниот плејмејкер Вестерман.
„Макфакс“