Младиот тим на Партизан немаше сила за сензација во второто коло од Евролигата. “Црно белите“ во преполната сала Пионир претрпеа пораз 76-71 од вицепрвакот ЦСКА Москва по продолжение од пет минути.


Регуларните четиридесет минути завршија без победник 62-62. Нападот за победа им припадна на кошаркарите на Партизан кои во два наврати не успеаа да го нокаутираат противникот. Московјаните во продолжението одигра искусно откако ја легна топката се одлепи на пет поени што беше недостижно за пулените на Вујошевиќ.

Најефикасен во составот на ЦСКА Москва беше Вимс со 30 поени додека кај Партизан со 16 кошеви најпрецизен е Богдановиќ.

Резултати :

Алба Берлин  – Елан  74-71
Литвос Ритас  – Барселона  67-49
Броуз Бамберс  – Бешикташ 76-81
Панатинаикос  – Мапоро 78-76
Макаби  – Монтепаски 70-68
Партизан   – ЦСКА Москва 76-71

Мх.П.