Вечерва и утре ќе бидат одиграни натпреварите од последното, шесто коло, во Топ 16 фазата, по кое ќе бидат познати сите четвртфиналисти во кошаркарската Евролига.


Пласман меѓу најдобрите осум екипи на стариот континент веќе изборија Барселона, ЦСКА Москва, Панатинаикос и Макаби, вечерва можност да им се приклучи на овие тимови ќе има Уникс.

Екипата на Уникс за која настапува Американецот со македонски пасош, Мајк Вилкинсон треба да го совлада Панатинаикос за да се пласира меѓу најдобрите осум, во спротивно четвртфиналните порти ќе му се отворат на Фенербахче, но под услов, турскиот тим да го совлада Армани.

Група Г:
18:30 ч. Уникс-Панатинаикос
18:30 ч. Армани-Фенербахче
Табела: Панатинаикос 3-2, Уникс 3-2, Армани 2-3, Фенербахче 2-2

Вечерашните натпревари во Х групата ќе имаат ревијален карактер, бидејќи уште во минатото коло Барса и Макаби обезбедија пласман во следната фаза.

Група Х:
18:45 ч. Жалгирис-Канту
20:45 ч. Барселона-Макаби
Табела: Барселона 5-0, Макаби 3-2, Канту 2-3, Жалгирис 0-5

Утревечер на паркетот ќе истрчаат македонските репрезентативци Перо Антиќ и Лестер Бо Мекејлеб.


Екипата на Перо Антиќ, Олимпијакос, за противник пред своите навивачи ќе го има турскиот Галатасарај. Математиката за екипата на Антиќ е јасна, со победа од најмалку два поени разлика, Олимпијакос ќе се пласира во четвртфиналето, каде од оваа група веќе се наоѓа ЦСКА.

Група Е:
18:45 ч. Анадолу Ефес-ЦСКА Москва
20:45 ч. Олимпијакос-Галатасарај
Табела: ЦСКА 4-1, Галатасарај 3-2, Олимпијакос 2-3, Ефес 1-4.

Неизвесно ќе биде во Ф групата, каде три тима конкурираат за двете места кои водат во четвртфиналето. Најголеми шанси за пласман меѓу најдобрите осум од оваа група имаат Монтепаски и Билбао, додека на Реал му е потребно вистинско чудо за да биде во следната рунда. Реал ќе му гостува на Монтепаски и ќе му биде потребн победа со најмалку 23 поени разлика за да биде четвртфиналист, во секоја друга варијанта Монтепаски и Билбао се во наредната фаза.

Група Ф:
20:45 ч. Уникаха-Билбао
20:45 ч. Монтепаски-Реал М.
Табела: Монтепаски 4-1, Билбао 3-2, Реал 3-2, Уникаха 0-5.

“макфакс“
Ohridnews