Екипите на Реал Мадрид и Барселона ја дуплираа предноста во серијата подобар до три против Олимпијакос односно Галатасарај.
Актуелниот европски првак Олимпијакос е пред елиминација откако „кралевите“ по втор им нанесоа пораз овој пат со 82-77 и поведоа со 2-0.
Каталонците до втората победа во серијата со Галатасарај стигнаа со убедлив триумф 84-63 и се на чекор од пласман во ТОП 4 фазата во Евролигата.
Мх.П.