Кошаркарите на Олимпијакос и Панатинаикос ги совладаа Реал односно ЦСКА Москва со што ги забележаа првите победи во четвртфиналните серии, додека Макаби со победата над Армани Милано поведе со 2:1 во серијата.

Панатинаикос во тврд и неизвесен натпревар со 65:59 славеше над ЦСКА. Лазме со 13 и Рајт со 10 поени беа единствените со двоцифрен број на поени кај Панатинаикос, додека Вимс со 14 кошеви беше најефикасниот кошаркар на ЦСКА.
Макаби, пред 11.000 навивачи во Нокиа Арена во Тел Авив го совлада Армани Милано со 75:63. Блу со 16 и Хикман со 15 кошеви го предводеа Макаби до втората победа во серијата, додека кај Армани се истакнаа Хекет со 14 и Ленгфорд со 12 поени.
„Макфакс“











