Најголемите конкуренти за титулата во Евролигата, Фенербахче и ЦСКА Москва со победи над Реал Мадрид (75-69) односно Црвена Ѕвезда (84-74) ја започнаа ТОП 8 фазата.
Српскиот репрезентативец во редовите на ЦСКА Москва, Милош Теодосиќ со 23 поени им пресуди на „своите“ и донесе почетна предност за руската екипа.
Теодосиќ одигра речиси меч без грешка откако промаши само 2 удари од вкупно 13 кои ги упати кон кошот на „црвено белите“.
Победа во првиот меч забележа и тимот на Фенербахче кој поведе со 1-0 во дуелот со актуелниот Европски првак, Реал Мадрид.
Перо Антиќ реализираше шест поени за 20 минути игра додека најпрецизни во домашниот состав беа Богдан Богдановиќ и Костас Слукас со по 17 поени.
Во ТОП 8 фазата се игра до три добиени мечеви, а победниците обезбедуваат пласман на фајнлфор турнирот во Берлин.
OhridNews