“Детелините“ по првата четвртина имаа предност од 14 поени, која на крајот од првиот дел се стопи два. Во третиот период Панатинаикос ја одржуваше разликата. Надежта на “зелените“ за пласман во финалето потонаа во последната четвртина. Руската одбрана проработе, примајќи само девет кошеви во десет минути. Нападот на ЦСКА немилосордно ги казнуваше грешки и заслужено се пласираше во големото финале.
Најефикасен во екипата на ЦСКА е Кириленко со 17 поени, Швед постигна 15 додека српскиот репрезентативец Теодосиќ 12. Во составот предводен од Обрадовиќ, најпрецизен со 19 кошеви беше литванскиот плеј Јасикевичиус.