Предлог Одлука за усвојување на Елаборатот за проценка на штети од земјотрес настанати на подрачјето на општина Охрид на ден 03.07.2017 година, ќе биде една од точките на дневен ред за кои ќе расправаат охридските советници на 73-та седница што ќе се одржи во петок, 18-ти август, со почеток во 11 часот.

Советниците ќе расправаат и за предлог одлуките за давање согласност за формирање паралелки со помалку од 24 ученици во основните училишта,односно  25 ученици во средните учишта. Ќе се одлучува и околу давањето согласност за формирање групи  во ЈОУДГ„Јасна Ристеска“ со помал, односно поголем број деца од законски утврдениот број.

На дневен ред на седницата се и исплатата на долгот на ОУ„Григор Прличев“ кон ЕВН Македонија за потрошена електрична енергија, извештаи за реализирани развојни програми и извештаи за работа на одделенијата при локалната самоуправа,  како и предлог одлуката за усвојување на Извештајот за остварување на Буџетот на општина Охрид за периодот од 01.01. до 30.06.2017 година.

OhridNews
.